Голем руски напад врз Украина, најмалку пет загинати; повторно нарушен полскиот воздушен простор
Три мостови над Днепар во Киев погодени; полските служби истражуваат урнат летечки предмет кај Билгорај.

Руската армија изведе еден од најголемите напади врз Украина од почетокот на војната, при што најмалку пет лица загинаа, а во целокупниот напад беа погодени објекти во и околу Киев.
Три мостови над Днепар и удари во Лвов
Украинските власти соопштија дека во текот на ноќта беа таргетирани три мостови на реката Днепар во Киев. Исто така, беа пријавени удари и во Лвов, каде руска балистичка ракета погодила билетарница на железницата.
Паралелно, Полска објави два нови случаи на нарушување на воздушниот простор утрово, во исто време со руските напади врз Украина. Според полските власти, еден неидентификуван летечки предмет се урнал во областа Билгорај, која граничи со Лвовската област, а државните служби се веќе на терен.
Сирените за воздушен напад беа активирани во целото Поткарпатско војводство, а аеродромот во Жешов привремено ги прекина летовите додека полските радари подоцна регистрираа уште едно летало кое го нарушило воздушниот простор на земјата.
Потврдивме дека летечки предмет се урнал во Нови Липовиец во Билгорајската област. Локалната полиција и обвинителот се на терен. Дополнително, регионалното обвинителство во Лубин, поточно неговиот воен оддел, отвори истрага за инцидентот. Нема информации за повредени или предизвикана материјална штета, изјави портпаролот на регионалното обвинителство во Лубин, Марцин Козак.
Нападите доаѓаат само два дена откако Украинците успеаја да урнат дел од Кримскиот мост, по кој рускиот претседател Владимир Путин се закани дека Украина ќе плати неколекратно повисока цена. Воздушните напади продолжија уште од вчера попладне, а при бомбардирањето штета пријавија и амбасадите на Холандија и Австрија.
Фото: прес-материјал од настанот


