Гордана Дренкоска: повеќе од две години живеевме под сомнеж откако беавме уапсени по смртта на д-р Ацо Трповски
Дренкоска вели дека сопругот починал од стрес додека семејството долго чекаше објаснувања; обвинителството тврди дека немало законска обврска за известување.

Жителка на Скопје тврди дека таа и нејзиниот сопруг беа уапсени една недела откако семејниот лекар Ацо Трповски беше пронајден мртов во својот автомобил во март 2024 година, а подоцна пуштени бидејќи нема докази. Повеке од две години парот живеел под товарот на сомнеж; сега, по смртта на нејзиниот сопруг, Гордана Дренкоска јавно проговори за последиците.
Наредба за чување на одземеното, барања за увид и молчење
Според документи кои ги достави Дренкоска, обвинителот Анел Фидоски донел наредба за чување на одземените предмети и возилото Фиат Панда сопственост на семејството Дренкоски во Агенцијата за управување со одземен имот до завршување на кривичната постапка. Наредбата е издадена на 25 февруари 2025 година, односно речиси една година по убиството, но Дренкоска вели дека одговори не добиле ни по повеќе од две години.
Нејзината адвокатка Теа Дамева повеќе пати побарала увид во предметот и испратила ургенции до обвинителот Ненад Савески и до в.д. државната обвинителка Наташа Крстевска Цалева, но, според Дренкоска, одговор не бил добиен. Подоцна, истрагата ја презела обвинителката Елена Јакула по промена на раководството на обвинителството.
Во тој период, сопругот на Дренкоска се разболел од рак и починал. Дренкоска ја опишува тежината на животот под сомнеж и срамот што сопругот не можел да го преболи. "Почина и мојот сопруг од стрес, срам не можеше да се помири. Кога почина на моите раце последните зборови му беа правда правда правда," вели Гордана Дренкоска.
Случајот доби пресврт ова лето: на 15 јули 2026 година обвинителството соопшти дека пронајдени се други осомничени и дека друг брачен пар се товари и се бара притвор поради сомневање за смртта на матичниот лекар Трповски. Дренкоска тврди дека истата информација ја дознала преку медиумите и била во шок.
Обвинителството ја брани својата постапка со образложение дека немало законска обврска да ги извести Дренкоска и нејзиниот сопруг порано. Дренкоска, која го загуби партнерот за време на долго чекање на одговори, бара одговорност и објаснување за периодот во кој нејзиното семејство било јавно осомничено.
Фото: прес-материјал од настанот


