Гран при за „Лисистрата“, три награди за Драмскиот театар на „Стоби“
Театарот „Тоша Јовановиќ“ ја освои највисоката награда, а Драмскиот театар од Скопје доби признанија за режија и главни улоги.

Претставата „Лисистрата“ на Театарот „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин, Србија, ја доби Гран при наградата на Фестивалот на античка драма „Стоби“.
Постановката „Падот на Масада“ на Драмскиот театар од Скопје освои три награди: за режија (Дејан Пројковски), за главна женска улога (Јелена Жугиќ) и за главна машка улога (Александар Степанулески).
Во жирито, кое донесе одлука за наградите, беа актерите Весна Бобевски, Кети Борисовска и Пеце Ристевски.
Коментар од жирито
Во одлуката, членот на жирито Весна Бобевски меѓудругото напиша: „Претставата 'Лисистрата' во режија на Никола Завишиќ е тотален театарски триумф кој го преточува античкиот текст во современ експлозивен јазик. Ансамблот први брилијатен пресврт каде што ликот на Лисистрата го носат сите актерки на сцената. Претставата нуди беспрекорна сценска фотографија“.
Фестивалот „Стоби“ го истакна меѓународниот карактер на програмата, како и присуството и успешните изведби на домашните театарски куќи во натпреварувачките категории.
Фото: СДК.МК)


