Почетна
Балкан

Грета Тунберг на протести со студентите во Тирана

Активистката го поддржа протестот против Еди Рама, кој почна со барања за реформи во образованието и отпор кон проект во заштитено подрачје.

·Балкан
Грета Тунберг на протести со студентите во Тирана

Студенти маршираа низ центарот на Тирана како дел од повеќемесечните протести со кои се побарува оставка од премиерот Еди Рама.

Првичните протести почнаа со барања за подобрување на образовниот систем и со отпор против туристички проект предвиден во заштитено подрачје во јужна Албанија, но движењето брзо се прошири и опфати пошироко незадоволство.

Грета Тунберг маршираше со студентите

Активистката Грета Тунберг им се придружи на демонстрациите трет ден по ред, марширајќи заедно со студентите како знак на поддршка за нивните барања.

Демонстрантите извикуваа „Полиција на криминалот“ и „Долу диктатурата“, блокираа сообраќајници и превртуваа канти за отпадоци; некои од нив беа запалени.

„Јас сум дел од ова движење и протестирам уште од првиот ден – за правда во мојата земја, за функционалност на институциите. Протестирам против корупцијата и сите лоши работи што се случуваат во мојата земја, вели Дамир Плумби, студент.

Движењето доби замав поради обвинувањата за корупција поврзани со проект за луксузно одморалиште поддржан од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, и оттогаш се прошири со протести и поради проблеми со јавните услуги, образовните стандарди, невработеноста и ограничените можности за младите.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи