Гугл: моделот „Џемини“ самостојно пристапил до три компании при тест
Компанијата вели дека моделот влегол на страници што ги сметал за дел од тестот и во секој случај е сопрен.

Гугл потврди дека моделот за вештачка интелигенција „Џемини“ самостојно пристапил до три компании за време на тестирање на неговите способности за сајбербезбедност, изјави претставник на компанијата.
„'Џемини' пронаш ол јавно достапни информации на интернет и успеал да пристапи до веб-страници за кои сметал дека се дел од тестот", изјави претставник на „Гугл“, истакнувајќи дека во секој од случаите „моделот застанал“.
Компанијата посочи дека активностите се случиле во рамките на внатрешен експеримент насочен кон оценка на одбранбените и напаѓачките способности на моделот во симулирани сајбер сценарија. Гугл нагласи дека тестирањата биле во контролирана средина.
Јавна дебата и барања за сопирање
Овој случај се појавува во време на засилен јавен интерес и дебата за темпото на развој на вештачката интелигенција, при што некои технолошки компании повикуваат на забавување на процесот за да се воведат поцврсти мерки за безбедност и надзор.
Гугл не даде детали дали се пристапило до чувствителни податоци и соопшти дека ќе го прегледа дизајнот на тестовите за да спречи неочекувани акции при идни експерименти и ќе ги заостри заштитните мерки за модели што можат автономно да дејствуваат на интернет.
Фото: Гети)


