Хал Сити ја продолжи серијата — победа во Ковентри, Борнмут и Евертон ремизираа
Халл Сити победи со 0:1 во Ковентри благодарение на голот на Лиам Милер во 81. минута; Борнмут и Евертон ремизираа 1:1.

29.08.2026 18:01 — Хал Сити го продолжи стартот од соништата во Премиерлигата, остварувајќи ја и втората победа по ред со 0:1 на гостувањето кај Ковентри.
Одлуката падна во 81. минута кога Лиам Милер погоди за водство на Хал по одличната акција на Мохамед Белуми.
„Тигрите“ покажаа голема дисциплина и карактер, организирано ја чувале предноста и не дозволија противникот да го искористи притисокот до крајот на натпреварот.
Реми за Борнмут и Евертон
Во вториот попладневен дуел, Борнмут долго време имаше водство, но Евертон во финишот успеа да израмни и двата тима си заминаа по бод од дуелот (1:1).
Напишал: Saso Kuzmanovski.
Фото: Premier League @premierleague (X)