ИЦЕ ќе добие ракавици што предизвикуваат болни електрошокови
Министерството за внатрешна безбедност објави дека службениците може да добијат уреди до март — набавката може да достигне 20 милиони долари.

Министерството за внатрешна безбедност најави дека припадниците на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ) може да добијат пар ракавици кои предизвикуваат болни електрошокови како дел од набавка за следните месеци.
Во известувањето е наведено дека таканаречените „уреди за електрична стимулација и деескалација“ би можеле да бидат доставени до службениците до март, а ИЦЕ планира да потроши до 20 милиони долари за набавка на илјадници вакви уреди.
Раковиците изгледаат како обичен пар заштитни ракавици, но содржат прекинувач што активира краток електричен стимул кога ракавицата е во директен контакт со кожата. Производителот Комплајант технолоџис од Лексингтон, Кентаки ги промовира како „хумано, ненаметливо решение за деескалација во различни ситуации со кои се соочуваат припадниците на службите“ и тврди дека непријатноста обично доведува до потчинување во рок од неколку секунди, без да остави изгореници или траги.
Џон Питерс, претседател на Институтот за спречување смртни случаи во притвор, кој го проучувал уредот, ја споредил болката со убод од пчела. „Болката е моментална и остра и го одвлекува вниманието. За пониските или послабите службеници, како и за постарите службеници, мислам дека ова има голема предност“, изјави тој.
Контроверзии и критики
Организациите за човекови права остро го критикуваа планот, предупредувајќи дека широка примена на уред што може да нанесе силна болка е рецепт за злоупотреба и загрозување на јавноста. „Воведувањето ракавици што толку лесно можат да се користат за нанесување силна болка во контактот со луѓето е рецепт за загрозување на јавноста“, рече Џен Ролник Борчета, заменик-директорка на проектот за полициско работење во Американската унија за граѓански слободи.
Критичарите посочуваат дека акциите на ИЦЕ се предмет на голема јавна критика поради употребата на сила, а во последно време имаше и смртоносни инциденти — агенти на ИЦЕ минатиот месец застрелаа и убија двајца мажи во Тексас и во Мејн. Производителот исто така предупредува дека уредот не треба да се користи како казна за вербален отпор или непослушност, ниту врз ризични групи како деца, бремени жени, постари лица или лица со попреченост.
Фото: Pexels-700x467.webp')