Почетна
Спорт

Иџе во Илирска Бистрица: премиера на Nova Proto NP01 и почеток на нова тркачка ера

Игор Стефановски ќе го вози првиот официјален настап со Nova Proto NP01 во рамките на Европскиот шампионат на ридски патеки (Категорија 2) овој викенд во Илирска Бистрица.

·Спорт
Иџе во Илирска Бистрица: премиера на Nova Proto NP01 и почеток на нова тркачка ера

Овој викенд во Илирска Бистрица (Словенија) Игор Стефановски – Иџе ќе го има својот прв официјален настап со новиот болид Nova Proto NP01, настан што јасно означува скок во неговата кариера во ридското тркање.

На претпоследниот викенд од Европскиот шампионат на ридски патеки ќе се случи првото сериозно мерење на новиот болид во најпрестижната и најбрзата категорија – Категорија 2, која ги обединува најбрзите прототипи и болиди на овие патеки.

Нов болид, нови предизвици

„ Словенија ќе биде мојот најнов предизвик. Ќе се тркам со мојот нов болид. Сакам да ги почувствувам неговите перформанси. Затоа и одлучив да тркам в o Илирска Бистрица, вели Стефановски, кој не ја крие возбудата пред првиот голем тест со новата машина.

За Иџе оваа сезона е историска — по три европски титули во Категорија 1 со затворени автомобили, тој направи голем чекор напред и сега управува со ултрамоќен специјално конструиран прототип Nova Proto NP01, често нарекуван Норма, чија технологија е блиска до болидите од Формула.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија повторно ја потврдува својата поддршка: „Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија,“ велат од тимот.

Во Илирска Бистрица ќе се види колку брзо Игор ќе се прилагоди на новата машина и колку конкурентна ќе биде Nova Proto NP01 во рамките на Категорија 2 на Европскиот шампионат.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи