ИЕА: Алтернативни нафтоводи и нови извори можат да ја заменат Ормуската Теснина
Годишниот извештај на ИЕА вели дека замена на протокот преку теснината е можно, но скапо и комплексно.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предупредува дека зависноста на светското снабдување со нафта од транзитот низ Ормуската Теснина може да се замени преку изградба на алтернативни нафтоводи и со нови извори на снабдување, но тоа ќе бара инвестиции проценети на околу 240 милијарди долари, стои во денешниот годишен извештај на агенцијата.
Шефот на ИЕА, Фатих Бирол, изјави: „можно е светот да се справи“ без Ормуската Теснина, нагласувајќи дека иако е изводливо, тоа ќе биде тешко.
Бирол додаде дека не гледа сигурен начин за враќање на глобалното снабдување со енергенси во состојбата во која било пред војната меѓу САД и Израел против Иран.
Проценки на трошоци
Во извештајот се наведува дека за изградба на нови нафтоводи би биле потребни околу 40 милијарди долари, додека за инвестирање во нафтени полиња во други делови на светот се проценуваат приближно 200 милијарди долари — што вкупно изнесува околу 240 милијарди долари.
ИЕА посочува дека нови нафтоводи во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Ирак би можеле да ја зголемат количината на сурова нафта што поминува низ теснината на околу 15 милиони барели дневно.
Според извештајот, блокадата на Ормуската Теснина започна на 28 февруари откако САД и Израел почнаа напади врз Иран, а Техеран одговори со затворање на морскиот сообраќај. САД потоа воведоа морска блокада на иранските пристаништа на 13 април.
Аналитичарите од ИЕА оценуваат дека враќањето на рамнотежата на пазарите на нафта е возможно, но ќе биде скапо и ќе побарува големи, координирани инвестиции и брза реализација на алтернативни маршрути за снабдување.
Фото: прес-материјал од настанот


