ИХФ го преиспитува правилото 7 на 6 — тестирање на младинските СП во 2027?
Советот на ИХФ во јануари 2027 ќе разгледа експериментални предлози по дискусии во Каиро; Филип Бана потврди дека темата е отворена.

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ја преиспитува можноста за промена на широко распространетиот концепт „7 на 6“ и ја разгледува опцијата за експериментално тестирање на нови правила на Светските првенства за младински категории во 2027 година.
Зошто е отворено прашањето за 7 на 6
На средбите и разговорите што неодамна се одржаа во Каиро, тренери и експерти истакнаа дека играта со седум напаѓачи без голман во некои ситуации ја менува логиката на казните, особено двоминутните исклучувања. Првиот потпретседател на ИХФ и претседател на Француската ракометна федерација, Филип Бана, потврдил дека темата сериозно се разгледува.
Еден од главните аргументи против сегашното правило е дека тимот кој останал со играч помалку може со повлекување на голманот повторно да има седум играчи во нападот, со што делумно се неутрализира предноста која требало да произлезе од исклучувањето.
Дополнителен проблем кој беше посочен се честите ситуации со празен гол, кои во последните години станаа дел од тактиката и го променуваат начинот на кој е организиран завршниот дел од нападите.
Според идеите што се разгледуваат, Советот на ИХФ во јануари 2027 година ќе ги разгледа предлозите и може да одобри експериментално тестирање на изменети правила на младинските првенства во 2027 година. Промените би се испитале прво на младинско ниво, а потоа би се анализирале за евентуална имплементација во сениорскиот ракомет.
Конечна одлука засега нема. Доколку експерименталните приоди добијат зелено светло, 2027 би можела да означи почеток на најголемата промена поврзана со играта 7 на 6 од воведувањето на можноста за замена на голманот со дополнителен играч на теренот.
Фото: прес-материјал од настанот


