Илија Несторовски со најмногу освоени дуели во ХНЛ
По осум кола Несторовски има 52 освоени дуели и пет гола, дели третото место на листата на стрелците.

Некогашниот прв напаѓач на репрезентацијата на Македонија, интернационалецот Илија Несторовски, се издвојува по освоени дуели во стартот од новата сезона на ХНЛ.
Според прецизните статистичари во Хрватска, по првите осум кола Несторовски е лидер во категоријата најмногу освоени дуели.
Конкретно, Несторовски бил поуспешен од дирекниот чувар точно 52 пати. Во таа листа тој ги оставил зад себе Јосип Митровиќ и Лука Врбанчиќ.
Во форма и пред голот
Покрај борбениот стил, Несторовски оваа сезона е и прецизен пред противничкиот гол: има постигнато пет гола и се наоѓа на делба за третото место на листата на стрелците.
Со 36 години, неговите настапи покажуваат дека сè уште игра на високо ниво, но тоа засега не е доволно за повторен повик во репрезентацијата на Северна Македонија, иако головите сега ни се потребни повеќе од било кога.
Претходно Новак: "Имам шанса против секого"!
Фото: NK Slaven Belupo (FB)


