Илјадници студенти протестираа во Рио против Болсонаро
Маршот следува откако Флавио Болсонаро освои повеќе гласови од Лула во првиот изборен круг.

Илјадници бразилски студенти маршираа низ централното подрачје на Рио де Жанеиро, протестирајќи против можноста Флавио Болсонаро да стане претседател, откако во првиот круг од претседателските избори освои повеќе гласови од актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.
Демонстрантите, главно облечени во црвено, маршираа меѓу два историски плоштада во центарот на Рио, извикувајќи пароли и носејќи транспаренти со пораки за заштита на суверенитетот и демократијата.
Студентите велат дека бранат образование и демократски институции
"Овде сме главно зa да ги браниме образованието и демократијата, бидејќи сме сведоци на глобален подем на екстремната десница вклучително и овде во Бразил како и на мешањето на САД. Се бориме за нашите права јас, како студент по филозофија, морам да продолжам да се борам за претседател кој го брани нашето академско истражување, вели демонстрант.
"-Излезени сме на улица да протестираме за поддршка на Лула, бидејќи сметаме дека владата на Флавио Болсонаро не нè претставува. За време на претходната влада на Жаир Месијас Болсонаро, тој се обиде да го скрати буџетот на федералните универзитет и, вели демострант.
Протестот се одржа во услови на зголемена политичка поларизација во земјата, при што студентите го поставија фокусот на одбраната на јавните образовни институции и демократските процедури, а не само на партиска поддршка.
Фото: прес-материјал од настанот


