Иран: Заканите на Трамп кон земјите што ќе соработуваат со Техеран ја кршат меѓународната правна рамка
Техеран упати предупредување дека американските закани за казни кон соработниците на Иран ја поткопуваат државната сувереност и правилата на ОН.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи предупреди дека заканите на претседателот на САД, Доналд Трамп, со строги казни кон државите кои ќе продолжат со соработка или трговија со Техеран претставуваат прекршување на меѓународното право и чин на принуда на трети држави да се откажат од легална размена.
- Економскиот притисок наменет да принуди суверената држава да ги промени своите легитимни политички одлуки е спротивно на меѓународното право, нашиша Багаеи на платформата Х.
Иран ја оспорува праксата на „секундарни“ санкции
Во соопштението од Техеран се наведува дека таканаречените „секундарни санкции“, кои имаат за цел да казнат трети држави, банки или компании што одржуваат врски со Иран, претставуваат кршење на Повелбата на Обединетите нации и на основниот принцип на државниот суверенитет.
- Во комбинација со американската поморска блокада на иранските пристаништа, планот на Трамп би го свел суверенитетот на другите земји на нешто „привремено, условно и отповикливо според хирот на друга сила. Крајниот резултат би бил целосна ерозија на суверенитетот како темелна основа на меѓудржавниот систем базиран на ОН и рецепт за целосно враќање на класичниот колонијализам во светот, рече Багаеи.
Од Техеран ја поврзуваат реториката за затегнување на санкциите и заканите за блокада со обид за зголемување на економскиот притисок врз Иран и ги предупредуваат земјите кои би биле мета на такви мерки за правните и политичките последици.
Фото: прес-материјал од настанот