Почетна
Свет

Ирански закон предвидува криминализација на контакти со странски институции

Парламентот го разгледува нацрт‑законот од 19 членови што строгo ги ограничи академските и медиумските врски; експерти предупредуваат за "атмосфера на страв и неизвесност".

·Свет
Ирански закон предвидува криминализација на контакти со странски институции

Иранскиот парламент одобри предлог‑закон кој предвидува радикално ограничување на контактите со странски институции, медиуми и организации, под изговор за борба против „далекусежното странско влијание“. Нацрт‑законот, составен од 19 члена и во законодавна процедура, става под строга контрола академските разменувања, странските донации и врските со меѓународни невладини организации.

Главни одредби

Според нацрт‑законот, Министерството за разузнавање ќе биде обврзано секоја година да објави список на странски универзитети и институции одобрени од државата; контакти со институции кои не се на тој список би можеле да бидат предмет на кривично гонење. За странските донации на ирански НВО, здруженија и политички партии ќе биде потребно одобрение од Комитет составен од претставници на министерствата и безбедносните служби.

Правни експерти предупредуваат дека законот го заматува јасното одделување меѓу легитимната соработка и казнените дејствија и дека ќе ја обесхрабри научната соработка, новинарската работа и поврзувањето на граѓанското општество на меѓународен план. "Ако граѓаните не знаат дали разговор со странски медиуми, соработка со странски универзитет или размена на информации подоцна би можела дасе смета за кривично дело, законот создава атмосфера на страв и неизвесност", оценува Сина Јусефи.

Моеин Хазаели предупредува дека нацрт‑законот може да се претвори во "уште еден инструмент за покорување на политичките противници и активистите за човекови права" и појаснува дека "99 проценти од дејствијата класифицирани како кривични дела во овој нацрт‑закон, воопшто не се кривични дела и не оправдуваат кривично гонење".

Новинарите и истражувачите, според критичарите, ќе бидат особено изложени. Парвиз Јари предупредува дека "доколку нацрт‑законот биде дефинитивно усвоен, тој ќе криминализира невиден опсег на контакти со опозициски медиуми и меѓународни организации. На тој начин треба да бидат спречени контакти со новинари и истражувачи, а информацискиот монопол на државата да биде засилен, како и официјалната манипулација со јавното мислење да биде интензивирана."

Владејачките кругови го оправдуваат нацрт‑законот со тврдењето дека безбедносната средина се влошила, вклучително поради регионалните конфликти и стравот од присуство на странски разузнавачки операции. Во контекст на зголемените притисоци, минатата недела еден човек беше погубен поради наводна шпионажа за Израел и САД. Критичарите, сепак, велат дека нацрт‑законот говори повеќе за намерата да се надоместат владини пропусти преку ограничување на граѓанските права отколку за конкретна и нова закана.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи