Почетна
Спорт

Исланд може да остане без Омар Инги Магнусон за дуелот со Македонија на СП

Повредата на десниот бек во гостувањето кај ГОГ ја доведува во прашање неговата достапност за Мундијалот.

·Спорт
Исланд може да остане без Омар Инги Магнусон за дуелот со Македонија на СП

Исланд може да ја доживее големата загуба пред Светското првенство по повредата на еден од најистакнатите ракометари на селекцијата, Омар Инги Магнусон, кој се повреди на гостувањето на Магдебург кај данскиот клуб ГОГ.

Тренерот на Магдебург не дава прогнози

Десниот бек се повреди во победата на германскиот тим во Данска, а првичните информации од таборот на Магдебург не изгледаат охрабрувачки. Тренерот Бенет Вигерт истакна дека ќе треба да се почека по деталните прегледи и не ја исклучи можноста играчот да биде надвор од терен до крајот на годината.

„Не сакам да давам никакви прогнози. Мораме да почекаме и да видиме дали ќе може повторно да заигра во 2026 година“, изјави Вигерт.

Повредата буди загриженост во исландскиот национален тим, оти Светското првенство почнува во јануари, а Исланд е во група со Македонија, Јапонија и Бахреин. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Магдебург, а Македонија и Исланд ќе се сретнат на 19 јануари со почеток во 20:30 часот.

Се очекуваат дополнителни медицински прегледи и информации од клубот и селекцијата за тоа дали Магнусон ќе биде дел од исландскиот состав за Мундијалот. Дотогаш, селекцијата ќе мора да смета и на опцијата да игра без еден од своите најдобри ракометари.

Фото: X\/ Hen_Livgot

Поврзани написи