Иван Милевски и Сара на меден месец на Сејшелите
Пејачот и неговата сопруга објавија фотографии од егзотичното патување по јануарското венчање и августовската свеченост со осумкатна торта.

Нашата "Гранд" ѕвезда Иван Милевски и неговата избраничка Сара го почнуваат својот меден месец на Сејшелите по низа свечени настани поврзани со нивната свадба.
Двојката замина во вистинска тропска идилија — Сејшели (Anse Volbert Village, Lazio) — и на социјалните мрежи објави неколку фотографии со кристално море, бел песок и палми. Објавите беа со описот „Honeymoon“ и соодветни емотикони.
Од свадбена торта со осум катови до палми
Иван и Сара прво се венчаа во јануари, а потоа во август приредија раскошна свадбена прослава која ја привлече јавноста: веселбата имаше торта на дури осум катови и траеше до раните утрински часови.
Нивната љубовна приказна започна случајно на еден од настапите на Иван во Швајцарија, каде што Сара живееше со години. Запросувањето се случи минатата година на Малдивите, а Сара, која е позната ТикТок инфлуенсерка, во меѓувреме му стана и најсилна поддршка во кариерата и во водењето на социјалните профили.
Иван беше ексклузивен гостин во емисијата „Кафе муабети“, каде отворено зборуваше за својот пат во „Ѕвездите на Гранд“ под менторство на Цеца и за приватниот живот. Пред камерите, насмевнат, призна: "Јас веќе одамна сум рипнат во тавче". Во живо во студиото тој ја отпеа и една од најубавите македонски песни.
Фото: прес-материјал од настанот


