Избори во Брвеница: излезност до 11 часот 13,82% — зголемена за 4,71 процент
Бојан Маричиќ од ДИК пријавува зголемен интерес и нормален тек на гласањето; еден приговор е усвоен и гласачот гласал.

Членови на Државната изборна комисија, предводени од претседателот Бојан Маричиќ, денеска ја посетија Општина Брвеница и три избирачки места каде се одржува вториот круг од изборот за градоначалник, по што одржаа прес‑конференција.
Излезност и првични податоци
До 11 часот податоците од сите 24 избирачки места покажуваат дека излезноста е 13,82 проценти — од вкупно запишаните 16 256 гласачи гласале 2245 граѓани. Најголема излезност до 11 часот е на избирачкото место 2044, каде што изнесува 22,12 проценти, а најмала на избирачкото место 2047 со 5,33 проценти, истакна Маричиќ.
Претседателот на ДИК направи споредба со првиот круг и посочи дека излезноста во 11 часот е зголемена за 4,71 процент. Тогаш, пред две недели, до 11 часот гласале 1480 гласачи или 9,11 проценти, а сега се 13,82 отсто или 2245 гласачи, рече тој.
Во врска со заштитата на личното избирачко право, до ДИК до 11 часот беше поднесен еден приговор кој беше усвоен и гласачот му беше овозможено да гласа.
Државната изборна комисија изутринава ја стави во функција бесплатната телефонска линија на која граѓаните можат да се информираат за прашања околу остварување на изборното право, како и посебен телефонски број наменет за лица со оштетен слух.
За посетата и наодите од теренот Маричиќ рече: "Ние на трите места каде што поминавме секаде течеше нормално дека некаде каде што имаше повеќе метеж и повеќе обиди за идентификација, сите беа успешни, така што стана она што го видовме ние е еден зголемен интерес, но и нормален тек на гласањето," додаде тој.
Фото: прес-материјал од настанот


