Излезноста на предвремените избори во Брвеница до 15 часот е 31,17 отсто
Државната изборна комисија: гласањето се одвива непречено; поднесени седум приговори, два усвоени.

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека гласањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 15 часот се одвива непречено и без поголеми забелешки.
До 15 часот гласале вкупно 5.064 граѓани на сите 24 избирачки места во општината, што претставува излезност од 31,17 проценти. Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, кога до истиот временски пресек гласале 4.932 избирачи, излезноста е зголемена за 0,62 проценти.
Приговори и избирачки список
ДИК информира дека до сега се поднесени седум приговори: два приговори се усвоени и гласачите го добиле своето избирачко право, еден приговор е одбиен како неоснован, а четири приговори се во постапка на разгледување.
Во избирачкиот список за Брвеница се запишани вкупно 16.256 избирачи од десетте населени места во општината. Од нив 449 се на привремена работа во странство, а девет лица се евидентирани како во затвор или притвор.
Предвремените локални избори беа распишани по смртта на дотогашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава. Како што беше пријавено порано во денот, излезеноста до 13 часот изнесувала 20,50 отсто.
Фото: Принтскрин


