Јајца и слабеење: колку, кога и со кои намирници да ги јадете
Руски нутриционисти велат дека 2 јајца секој ден (14 неделно) и правилен тајминг можат да помогнат при губење на тежина; најдобрите комбинации се наведени тука.

Јајцата се меѓу најмоќните сојузници во секоја здрава исхрана и во процесот на слабеење: нудат врвни протеини, витамини (особено Б-групата и Д-витаминот) и есенцијални минерали, а кога се подготвени едноставно, имаат и ниска калорична вредност.
Руски нутриционисти и новите студии укажуваат дека моментот на консумација на јајцата игра важна улога во тоа како телото ги согорува мастите. Правилниот тајминг може да го разбуди метаболизмот, да го потисне чувството на глад и да обезбеди долготрајна енергија без нагли скокови на шеќерот во крвта. Современите истражувања покажуваат дека здрави возрасни лица можат безбедно да консумираат по 2 јајца секој ден (што изнесува 14 јајца неделно) без тоа негативно да се одрази на нивото на холестерол во крвта. Протеините од јајцата го зголемуваат термогениот ефект на храната, па телото троши повеќе калории за варење.
Кога е најдобро да ги јадете јајцата
Јајца за појадок — започнувањето на денот со јајца е одличен избор за оние што сакаат да симнат килограми. Протеините ги стимулираат хормоните на ситост и го одржуваат шеќерот во крвта стабилен со часови, што помага да се избегнат прејадувањето и желбите за слатко.
Јајца после тренинг — поради аминокиселините во нив, јајцата се идеален оброк по вежбање. Помагаат при брза регенерација и градење чиста мускулна маса, а го држат метаболизмот активен со часови, што поттикнува поефикасно согорување на масните наслаги.
Јајца за вечера — спротивно на мислењето дека јајцата се тешки за навечер, тие може да бидат лесен и заситувачки вечерен оброк. Јајцата содржат соединенија кои помагаат во опуштањето на организамот и го поттикнуваат лачењето на мелатонин; квалитетниот сон е неопходен за правилен метаболизам и успешно слабеење.
Кога ќе се здружат со вистински партнери во чинијата, придобивките од јајцата се зголемуваат. Најдобри комбинации се:
- Зелен зеленчук со влакна (спанаќ, брокула, кељ) — влакната го забавуваат варењето и ја продолжуваат ситоста, додека даваат витамини и антиоксиданти со мала калорична цена.
- Авокадо — мононезаситените масти обезбедуваат долготрајна енергија и хормонален баланс; неколку парчиња авокадо со јајца создаваат оброк кој помага да се намали салото на стомакот без скокови на инсулинот.
- Лути пиперки, чили или ѓумбир — малку чили во прав, свежа лута пиперка или рендан ѓумбир го забрзуваат термогениот ефект и помагаат телото побрзо да троши калории по јадењето.
- Интегрални житарки или црн/ржан леб — за појадок, јајцата комбинирани со парче интегрален или ржан леб даваат стабилна енергија за мозокот и мускулите, без нагли скокови и падови на шеќерот.
- Кисело млеко или кефир (грчки јогурт) — послужени со јајца, овие пробиотици ја поддржуваат цревната микрофлора, што помага подобро да се апсорбираат хранливите материи и да се одржи побрз метаболизам.
Со внимателен избор на време и придружни намирници, јајцата можат да бидат флексибилен и хранлив составен дел од исхраната кој помага при слабеењето, а во исто време го чува енергетскиот и мускулниот статус.
Фото: прес-материјал од настанот


