Почетна
Македонија

„Јас лично отепав седум стаорци“, велат жители — Центар прави вонредна дератизација

Акцијата денеска и утре опфаќа критични локации по пријави од граѓаните за поголем број глодари.

·Македонија
„Јас лично отепав седум стаорци“, велат жители — Центар прави вонредна дератизација

Главниот град реагира со вонредна акција за дератизација откако во последните денови на социјалните мрежи се шират снимки од глодари што се движат по улиците во повеќе скопски населби. Жителите велат дека ситуацијата станува видлива и повикуваат на брзо решавање.

Во разговори со граѓани, некои изразија загриженост и бараат зголемена хигиена. Една жителка рече: "Јас лично не сум забележала, ама знам дека има. Тоа е непријатна загрижувачка работа. Сметам дека треба поголема дезинфекција во подрумите". Друг жител изјави: "Не знам да не ги носат од негде во пакети? Јас лично утепав седум стаорци…." Трет додаде: "Јас не знам кога ќе се руши ова, ама дури после тоа мислам дека ќе се расчисти".

Општинска интервенција денеска и утре

Од Општина Центар соопштија дека денеска и утре спроведуваат нова вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината. "Општина Центар денеска и утре спроведува нова вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината. Со акцијата се опфатени Буњаковец, Капиштец, Градски ѕид , на локации каде што е забележана зголемена појава на глодари и има пријави од граѓаните", појасни општината.

Град Скопје ги повика сите општини да извршат дератизација на своите територии, нагласувајќи дека „Согласно законот на Град Скопје, членот 15 кој што ги одредува надлежностите на општините во градот е посочено дека дератизација и дезинфекција е надлежност на општините, а со тоа и вршењето на активностите за спречување на појавата на глодари”.

Општините кои беа контактирани велат дека дератизација вршат двапати годишно: пролетната рунда е завршена, а есенската е закажана за околу две недели. До тогаш, властите ги повикуваат граѓаните да не фрлаат отпад на несоодветни места за да се намали достапноста на храна за глодарите.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи