Почетна
Балкан

Јавно извинување на РТВ Војводина, главниот уредник поднесе оставка — граѓани упаднаа во „Информер“

Водителот Горан Ерор упати јавно извинување на емисијата; потоа следуваше оставка и инцидент во зграда на „Информер“.

·Балкан
Јавно извинување на РТВ Војводина, главниот уредник поднесе оставка — граѓани упаднаа во „Информер“

Дневникот на Радио-телевизија Војводина кој се емитуваше во 17 часот почна со извинување кое водителот Горан Ерор го упати до гледачите поради долгогодишните пропусти во известувањето на јавниот радиодифузен сервис.

Горан Ерор: „Јавниот сервис со години не ја исполнуваше својата функција. Се премолчуваше, се затвораше едно око, се известуваше еднострано и некритички, а вистинските прашања не се поставуваа или воопшто ги немаше. Поради тоа, им должиме извинување на гледачите. Дел од новинарите и уредниците во оваа куќа работеа слободно и во согласност со етичките принципи. Нажалост, битката не ја добивме навреме, но најважно е да продолжиме.”

По случувањето, главниот уредник Ненад Ќаќиќ поднесе оставка. Веднаш по објавувањето на веста, вработените во телевизијата заиграа оро во просториите на телевизиската куќа, според снимки што се појавија од внатре.

Тензии и во „Информер”

Тензична атмосфера имаше и во просториите на српската телевизија „Информер“ откако група граѓани влегоа во зградата и ја прекинаа програмата во живо. На социјалните мрежи кружат снимки на кои се гледа како главниот уредник Драган Вучиќевиќ и дел од вработените го напуштаат студиото додека трае инцидентот.

Од телевизијата побарале интервенција од итните служби, пријавувајќи дека една вработена доживеала епилептичен напад. До објавувањето на овие информации телевизиите немаа објавено дополнителни официјални соопштенија за двата настана.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи