Почетна
Свет

Јохан Вадефул: Нема потреба од нова европска безбедносна архитектура

Вадефул вели дека примената на постојните правила е клучна и дека САД ќе имаат улога во безбедносните гаранции за Украина.

·Свет
Јохан Вадефул: Нема потреба од нова европска безбедносна архитектура

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека не е потребно преговарање за нова европска безбедносна архитектура за да се стави крај на војната во Украина, туку дека Европaта треба да ги применува веќе договорените правила и принципи.

„Не ни е потребен нов европски безбедносен поредок. Потребно ни е само прифаќање на правилата и принципите за кои одамна се согласивме“, рече Вадефул за време на денешната посета на Азербејџан.

Договорите како основа за преговори

Вадефул посочи дека во таа рамка спаѓаат Завршниот акт од Хелсинки од 1975 година и Париската повелба од 1990 година. Тој го спомена и Меморандумот од Будимшета од 1994 година, во кој Русија како правен наследник на Советскиот Сојуз се обврза дека ќе го почитува суверенитетот на Украина.

„Доколку тоа е основата за понатамошни разговори, тогаш договор брзо може да се постигне. Сè додека тоа не е случај, Германија ќе продолжи силно да ја поддржува Украина за да може да се спротивстави на руската агресија“, додаде тој.

Идејата за вградување на мирот за Украина во нов европски безбедносен поредок произлегува првенствено од билатералните разговори меѓу САД и Русија, при што Вашингтон настојува да ги вклучи Европејците во евентуалниот преговарачки процес. Меѓутоа, мнозинството европски политичари нагласуваат дека таков поредок веќе постои и дека проблемот е во тоа што Москва го прекрши со својата војна против Украина.

Вадефул посочи дека Русија и понатаму испраќа различни барања, вклучително документ од крајот на 2021 година во кој се повикува на повлекување на проширувањето на НАТО кон земјите од Источна и Централна Европа.

Тој додаде и дека очекува САД да играат значителна улога во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина откако ќе заврши војната на Русија.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи