Јордан Митев распеан низ Македонија, настап во Видовиште траеше речиси шест часа
Преполни настапи, речиси шестчасовен концерт во Видовиште и најавен голем солистички концерт во Скопје.

Атмосферата која го одбележа ова лето може да се види на секој настап на Јордан Митев: преполни плоштади и сали, публика што пее во еден глас и вечери исполнети со македонски ора и популарни рефрени.
Настапот и реакциите
Во изминатите недели објавите на Фејсбук покажуваат видеа и фотографии од концерти низ цела Македонија и од настапи во дијаспората, каде што снимките јасно го прикажуваат интеракцијата меѓу пејачот и неговата публика.
Изминатиот викенд во Видовиште Митев одржа вистински спектакл, по што веќе наредниот ден продолжи со уште еден успешен настап.
Под едно од видеата тој го опиша траењето на вечерта: „Кога ќе почнеш во 21:30ч а ќе завршиш во 03:15ч, а на крај публиката те поздравува од срце во знак на благодарност… Ова не се наместени реакции, ова не се договорени сцени, ова не е донесена публика за сликање и викање! Ова е публика стекната како резултат само на труд и работа, добра песна и музика. Ви благодарам! Да сте ми здрави и живи!“, напиша тој под видеото.
Фановите и коментарите на објавите го потенцираат посебниот дух што го создаваат неговите настапи — вечери што често прераснуваат во долги славја исполнети со музика и игра.
Како круна на успешната сезона, Јордан најави голем солистички концерт во Скопје за крајот на годината, каде што ќе ги изведе своите најпознати песни пред публиката од главниот град.
Фото: прес-материјал од настанот