Јотова во Стразбур го отвори случајот на Ива Михајлова, бара пристап до лекување
Јотова рече дека Бугарија нема да се меша во правосудството, но инсистира обвинетата да добие пристап до потребно лекување.

Бугарската претседателка Илијана Јотова на средбата со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, во Стразбур го отвори случајот со Ива Михајлова и побара да ѝ биде овозможен пристап до медицински третман.
Ива Михајлова, која има бугарско и македонско државјанство, е обвинета за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици и против неа се води кривична постапка во Кочани. Јотова рече дека Бугарија не сака да се меша во правосудството во Северна Македонија, но инсистира на потребата од лекување.
Две понуди за медицинска помош, според Јотова, одбивани
Пo нејзини зборови, бугарските власти понудиле две можности: Михајлова да се лекува во Бугарија или бугарски медицински тим да дојде во Северна Македонија за да изврши консултација. Јотова тврди дека ниту една од понудените опции не била прифатена.
Претседателката додаде дека на Михајлова ѝ било ускратено правото да добие медицински третман во Бугарија поради правна постапка што се води против неа во Кочани и предупреди дека, како што оценила, „личен случај е претворен во политичко прашање“ со можни последици по човековите права.
Јотова најави дека ќе достави детални информации до генералниот секретар на Советот на Европа. Берсе, според изјавата, посочил дека Советот на Европа обично не разгледува поединечни случаи, но е подготвен да ја разгледа ситуацијата ако таа укаже на пошироки прашања во врска со заштитата на човековите права.
Фото: прес-материјал од настанот


