Јулија Мендел запрена пред Европскиот парламент, не ѝ беше дозволено да влезе
Поранешната портпаролка на Зеленски вели дека ѝ било забрането влегување во Брисел, а организаторите ѝ овозможија да говори преку видеоврска.

Јулија Мендел, поранешната портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска изјави дека била запрена на влезот на Европскиот парламент во Брисел и дека не ѝ било дозволено да влезе, без да ѝ дадат образложение.
Таа била поканета да се обрати на настан организиран од крајно десничарската германска партија АфД; организаторите подоцна ѝ овозможија да учествува преку видеоврска.
Санкции и претходни изјави
Украина неделава ѝ наметна санкции на Мендел поради "ширење руска пропаганда" и "поддржување на руската агресија".
Мендел неодамна даде интервју за американскиот десничарски новинар Такер Карлсон, во кое го обвини Зеленски дека уште во 2022 година „се согласил Донбас да ѝ се предаде на Русија“. Од кабинетот на Зеленски возвратија дека Мендел не била дел од преговорите во Истанбул во 2022 година и дека таа не носела одлуки од клучно значење за Украина.
Поранешната портпаролка изрази огорченост поради тоа што денес „сакала да зборува за мирот“, а не ѝ било дозволено да влезе. Мендел им се заблагодари на организаторите на настанот од АфД што сепак ѝ дале можност да се обрати преку видеоврска.
Фото: Икс / NextaTV / скриншот


