Почетна
Македонија

Кандидати ги презентираа кандидатурите за шеф на ОЈО ГОКК

Пет обвинители ги претставуваат програмите пред Советот; гласaњето е закажано за 28 октомври.

·Македонија
Кандидати ги презентираа кандидатурите за шеф на ОЈО ГОКК

Советот на јавни обвинители денеска во 11:00 часот ќе одржи седница на која петмината пријавени кандидати ќе ги презентираат своите кандидатури за позицијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција — Скопје (ОЈО ГОКК).

Според официјалната кандидатска листа, во трката се вишиот јавен обвинител Јован Цветановски; обвинителот во Вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов; обвинителката од Основното јавно обвинителство — Скопје Лидија Раичевиќ; и обвинителите од ОЈО ГОКК Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

Комисија и датум на избор

Во Комисијата за спроведување на изборот, што ја формираше Советот, членуваат Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова. Изборот ќе се спроведе на 28 октомври во периодот од 8:00 до 16:00 часот со тајно и непосредно гласање на јавните обвинители.

Постапката е покрената поради истекувањето на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Огласот за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беше објавен во Службен весник на 21 август годинава.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи