Карик е задоволен од тимот што го има
Мајкл Карик оценува дека летните засилувања и враќањето на играчите ја направиле екипата посилна пред дуелот со Евертон.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е задоволен од летниот преоден рок и од составот што ќе се обиде да го изгради во следните неколку месеци. „Црвените ѓаволи“ ги доведоа Карлос Балеба, Андре Сантос и Јури Тилеманс, Маркус Рашфорд се врати, а Џошуа Циркзе остана во клубот.
„Влеговме во преодниот рок со идеја да бидеме посилни како тим од минатата сезона и сигурно го направивме тоа. Многу сме задоволни од играчите што ги доведовме. Секогаш можете да кажете дека сè уште има работи што можевме да ги направиме, но понекогаш е прашање на можности. Генерално, мислам дека сме на добро место со составот. Имаме одлична динамика и играчи кои можат да играат на различни позиции“, рече Карик.
Длабочина и конкуренција
Карик посочи дека задржувањето на квалитетна резервa и разновидноста на позиции беше меѓу приоритетите, а Џошуа Циркзе — за кого имаше шпекулации дека би можел да си замине — останува дел од планот.
„ Циркзе е важен за длабочината на составот. Тој е среќен што е тука и имам одличен однос со него. Тој сака да игра повеќе, но конкуренцијата е здрава. Имаме многу натпревари што доаѓаат и Џош е способен за големи работи.“
Во недела, Манчестер Јунајтед патува кај Евертон, а Карик призна дека го очекува тежок натпревар на Гудисон Парк.
„ Тоа се секогаш тешки натпревари. Имавме некои добри резултати, некои не толку добри, но секогаш беше тешко. Дејвид Мојес е фантастичен менаџер.“
Фото: Manchester Utd (X)


