Почетна
Магазин

Каролина Гочева во есенска шета: црна кожена јакна и класични фармерки

Поп-дива го сподели градскиот стајлинг со џемпер, црни фармерки и структурана кожена јакна.

·Магазин
Каролина Гочева во есенска шета: црна кожена јакна и класични фармерки

Нашата поп-дива Каролина Гочева повторно го потврди угледот на една од најдобро облечените јавни личности. На нејзиниот Инстаграм-профил се појавија нови фотографии од есенска градска прошетка кои ја истакнуваат нејзината уредна, но лежерна улична естетика.

Во серијата слики доминира модерна црна кожена јакна носена со класични црни фармерки и џемпер со црно-бели пруги. Јакната е со малку поширок (oversize) крој, висока јака и има структуирани ракави со видливи патенти и копчиња.

Детали што го прават изгледот

Стајлингот го заокружи со сива чанта за преку рамо, очила за сонце и суптилен накит, покажувајќи како неколку добро избрани парчиња можат да создадат препознатлив моден израз. Комбинацијата ја балансира урбаната робусност со секојдневна удобност.

Кожените јакни остануваат есенски класик поради нивната разновидност — лесно се вклопуваат и со патики и фармерки и со фустани и чизми. Оваа сезона, покрај класичните рокерски модели, во предвид се и oversize бомбер-јаки со нагласени раменици и висока крагна, како и ретро кроеви во темни тонови (црна, темно кафеава, чоколадна).

Моделите со изразени текстури и детални елементи — џебови, метални копчиња и нагласени ракави — се меѓу најбараните. За оние што сакаат да го пресликаат стајлингот, слични парчиња можат да се најдат во high-street продавниците како ZARA, MANGO и MASSIMO DUTTI.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи