Каролина и Маја во ретка заедничка фотографија зад сцената од концертот со Хозе Карерас
Двете пејачки се фотографираа насмеани зад сцената: Каролина во бела креација од Марков, Маја се врати по десет години.

По грандиозниот концерт на Плоштадот „Македонија“ по повод 35 години независност, на кој како специјален гостин настапи Хозе Карерас, се појави ретка фотографија од зад сцената со Каролина Гочева и Маја Оџаклиевска.
Снимката, која ја сподели Каролина, ја прикажува двете насмеани: Маја во впечатлива зелена креација со портокалови акценти и рачно изработен накит, а Каролина во тесен црн фустан пред да се пресоблече во белата тоалета дизајнирана од Марков и стилизирана од Јована Зука.
Стилот на Каролина
За оваа пригода Каролина се појави во раскошна бела тоалета со слим-линија која ја нагласува нејзината фигура. Предниот дел и линијата кај патентот на задниот дел беа украсени со златен вез од кристали во растителни мотивации, додека креацијата содржеше и архитектонски, минималистички детаљ што ѝ дава современ израз.
Горниот дел беше надополнет со куса наметка со изразени, остри раменици и висока елегантна јака што ѝ создадоа кралска силуета, а финишот го дадоа високи бели ракавици над лактите кои внесоа класичен холивудски гламур.
Фотографијата од зад сцената ја долови топлата средба меѓу две генерации на македонската музичка сцена: емотивното враќање на Маја по цели 10 години и присутната доминантна сценска харизма на Каролина, која само неколку дена претходно во Прилеп се појави во урбана комбинација со широки фармерки и патики.
Фото: прес-материјал од настанот


