Почетна
Свет

Кибер напад врз Equinor: производството не е загрозено

Equinor соопшти дека одредени ИТ системи се нападнати, но дека не постои директен ефект врз производството и вработените.

·Свет
Кибер напад врз Equinor: производството не е загрозено

Норвешката енергетска компанија Equinor соопшти дека дел од нејзините информатички системи е под кибер напад, но нагласи дека инцидентот не влијае на производството на нафта и гас.

„Нема ништо што укажува дека податоците се украдени. Нападот не влијае на работењето или производството на „Еквинор“, соопшти компанијата, додавајќи дека ги распоредиле сите потребни ресурси за да го неутрализираат нападот и да го вратат целосниот интегритет на системот.

Одговор и тек на работата

Од Equinor информираа дека ги известиле надлежните институции, без да прецизираат кои, и дека ќе објават дополнителни информации кога ќе станат достапни. На својата интернет-страница компанијата додава дека инцидентот не е вирусен и нема ризик од негово ширење.

„ Во моментов, нема индикации дека нападот има последици врз вработените, партнерите или добавувачите. Производството останува незасегнато. Работата е во тек за неутрализирање на нападот и враќање на целосниот интегритет на погодените системи. Прерано е да се утврди колку време ќе трае ова. Equinor продолжува со оваа работа во дијалог со националните безбедносни власти“, информираа од компанијата.

Equinor е еден од најголемите добавувачи во Европа. По руската инвазија на Украина и падот на испораките на руски гас, Норвешка стана еден од клучните извори на гас за европскиот пазар, а државата е мнозински сопственик на Equinor.

Фото: Unknown authorUnknown author or not provided / Wikimedia Commons (Public domain)

Поврзани написи