Кибернапад го погодил системот за ладење на француска банка за крв
Температурите во три простории пораснале од −30°C до +11°C; алармите го откриле проблемот и примероците се префрлени како превентива.

Системот за ладење во една француска банка за крв бил погоден од кибернапад, при што работната температура во три простории значително се зголемила, соопштија од установата.
Брзо откривање ги спречи загубите
„Благодарение на системите за следење и аларм, зголемувањето на температурата било брзо откриено и брзо преземени мерки, што значи дека нема компромитирани примероци или крвни производи, соопшти банката за крв.“
Од хакерскиот напад биле погодени три простории каде што работната температура била зголемена од минус 30 степени Целзиусови до плус 11 степени. За системите за ладење била задолжена надворешна фирма.
Системите за ладење повторно биле ставени под контрола, а како превентивна мерка крвните производи биле префрлени во други објекти за да се зачува залихата.
Нападот на француската банка за крв доаѓа откако хакери претходно го зголемија капацитетот на температурата во фрижидерите и замрзнувачите во супермаркети во Белгија, Шведска, Ирска, Луксембург, Естонија, Финска, Германија и Холандија. Во средината на октомври сличен инцидент имаше и во големи француски супермаркети.
Сè уште не е познато кој стои зад нападите.
Фото: прес-материјал од настанот


