Ќе ги објасни ли Славјанка Петровска скандалот за набавка на хеликоптери?
Опозицијата бара доказ за наводниот прекумерно скап договор, додека СДСМ ја посочува одговорноста на министерството и институциите.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ веќе неколку дена се во јавна препирка околу тоа кој треба да го разјасни скандалот поврзан со набавката на хеликоптери што се реализираше додека Славјанка Петровска ја извршуваше функцијата министерка за одбрана.
Контроверзиите добија ново гориво откако Филипче јавно постави прашање дали учеството на Петровска во платформа која бара реформи од СДСМ е обид да се спаси од скандал, откако според него договорот за хеликоптери бил за 37 милиони евра поскап од првичната одлука на комисијата. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа тој да достави докази.
„Од кога знае за овој скандал поврзан со Петровска и дали има намера да достави докази во обвинителството или и ова ќе биде само за замајување на јавноста?“ – праша Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ.
Одговорот на СДСМ и насочување кон институциите
Од СДСМ возвратија дека архивата на докази е во институцијата со која тие сега раководат и дека нивните претходни пријави не донеле резултати, особено додека биле во опозиција. Партијата соопшти дека треба да се проверат и надлежните органи.
„Разликата во цената за хеликоптерите е во Министерството за одбрана. Таму имате министер. Имате обвинител, имате полиција. Кога ќе го проверите тоа, проверете го и оној тендер за железницата, 1,6 милиони за Ќуркчиев. И оној аванс за Платформа 2.0“ – реагираат од СДСМ.
Станува збор за спорниот договор за набавка на хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“ за потребите на армијата. Тогашната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, тврдеше дека постапката е целосно исправна и дека одлуките ги донел стручeн тим.
Политичката меѓусебна обвинителна реторика засега не дава јасен одговор кој ќе излезе со документални докази или ќе иницира формално истражување за разликата во цената и за начинот на одбирање на понудата. Далиборка Демјанска Цветановска
Фото: прес-материјал од настанот


