Почетна
Македонија

Ќе се изведуваат докази во новото судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Случајот за пожарот што однесе 63 животи продолжи во судницата во Идризово, каде одбраната ќе ги повика своите сведоци.

·Македонија
Ќе се изведуваат докази во новото судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Во судницата во „Идризово“, при Основниот кривичен суд Скопје, денеска продолжи новото судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот сега е во доказна постапка.

Одбраната почнува со изведување докази

На претходното рочиште сведочеше вештото лице и технички советник од областа на градежништвото Петре Русевски, предложен од првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката. Русевски објасни дека закупецот на просторот не презел градежни активности кои би можеле да се квалификуваат како реконструкција, туку извршил градежно‑занаетчиски зафати и ентериерно уредување за потребите на дејноста.

На оваа изјава родителите на загинатите жестоко реагираа, нарекувајќи го првообвинетиот „убиец“, по што судот побара дел од нив да ја напуштат судницата.

Јавното обвинителство веќе го заврши изведувањето на своите докази: пред судот беа презентирани 1.390 материјални докази, сослушани беа 45 сведоци и пет вешти лица. Како што е најавено, одбраната има предложено 244 сведоци.

Родителите побараа судот да не ги земе предвид тврдењата на вештакот дека објектот бил изграден според одобрен проект, што ќе биде една од точките на контроверзната расправа во наредните рочишта.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи