Почетна
Спорт

КК Маџари со ново име — КК Скопје

Клубот, кој минатата сезона заврши втор, официјално го смени името околу еден месец пред почетокот на новата сезона.

·Спорт
КК Маџари со ново име — КК Скопје

На 04.09.2026 година клубот кој до сега настапуваше како КК Маџари го објави официјалното ребрендирање: од наредната сезона ќе настапува под името КК Скопје. Одлуката беше соопштена околу еден месец пред почетокот на домашното првенство; минатата сезона тимот ја заврши како втор, што е нивен историски успех.

Раководството ја објасни променава како дел од план за зголемување на препознатливоста и за поврзување поблиску со својата општина. Во соопштението клубот го нагласи значењето на новото име — дека носи препознатливост, традиција и амбиција и дека ќе го пренесува духот на Општина Гази Баба на секој натпревар.

Повикуваат навивачите да се вратат

Според клубот, ребрендирањето не е само промена на формалниот назив туку следен чекор во градењето на поширока спортска приказна. Ја нагласија улогата на Гази Баба како средина во која се формираат спортисти и се негуваат вредности како работа, посветеност и тимски дух.

Клубот ги повика организираните навивачи, познати како „Пирати“, да се вратат на трибините и да помогнат во создавањето препознатлива домашна атмосфера. Како што посочи раководството, целта е да се обединат навивачите и поддржувачите под името КК Скопје.

Во соопштението се оцени дека променава ќе им помогне да го прошрат профилот и базата на поддржувачи, а притоа да останат поврзани со локалната заедница во Гази Баба — од Маџари до Скопје, од традицијата кон иднината.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи