Клајмат фокус: Околу 7 милиони хектари шума уништени во 2025 — светот далеку од целта за 2030
Клајмат фокус: Во 2025 околу 7 милиони хектари шума биле уништени, што е далеку над годишната цел од 4,2 милиони хектари.

Извештајот на консултантската организација „Клајмат фокус“ покажува дека светот е далеку од исполнување на целта да се запре уништувањето на шумите до 2030 година, иако загубата на шумски површини се намалила во 2025 година.
Во анализата се наведува дека минатата, односно во 2025 година, биле уништени околу 7.000.000 хектари шума, што е за 15 проценти помалку во споредба со 2024 година. Сепак, оваа бројка е значајно повисока од годишната граница што произлегува од целта за 2030 — 4,2 милиони хектари.
Каде исчезнуваат најмногу шуми
Најголемите загуби се регистрирани во тропските шуми на Латинска Америка, каде биле избришани околу 2.500.000 хектари, и во тропските делови на Африка, со околу 2.400.000 хектари изгубени шуми.
Иако уништувањето на шумите во Латинска Америка е намалено за 33 проценти во споредба со претходната година, во басенот на Конго нема значителни знаци на подобрување и губењето на шуми таму останува високо.
Како главни причини за уништувањето на шумите извештајот ги наведува проширувањето на земјоделските површини, сечата на дрвја и рударството. Авторите предупредуваат дека напредокот може да биде загрозен поради политички промени и недоволни мерки за заштита.
Фото: прес-материјал од настанот


