Почетна
Македонија

Клековски апелира за вакцинација против морбили — опфат 62%

Клековски предупреди на растечки случаи на морбили во Косово и Бугарија и повика на зголемување на вакциналниот опфат.

·Македонија
Клековски апелира за вакцинација против морбили — опфат 62%

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска апелираше родителите да ги вакцинираат децата против морбили, предупредувајќи дека опфатот во земјава е релативно низок и изнесува 62 отсто.

Расте бројот на случаи во регионот

„Ова го кажувам бидејќи во моментов расте бројот на случаи на морбили во Косово и Бугарија. Затоа апелирам до родителите да ги вакцинираат децата“, рече на денешната прес-конференција министерот Клековски.

Клековски посочи дека сегашниот низок опфат се однесува особено на првата доза од вакцините од редовниот календар. Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за ниту една вакцина од редовниот календар за прва доза не е постигнат посакуваниот опфат од 95%.

Според податоците кои ги наведе ИЈЗ: хепатитис Б 77%, хемофилус инфлуенца 78%, дифтерија/тетанус/пертусис 79%, и полио 79%. Најнизок опфат има за МРП вакцината — 62%, а за ХПВ е 51%.

Кај новите вакцини внесени во календарот во последните години, ротавирусната вакцина е со опфат 64%, додека пнеумококната е 80%. Министерот повтори дека зголемувањето на опфатот е клучно за да се спречат епидемии.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи