Почетна
Македонија

Клековски бара странски експерт во комисијата за стручeн надзор за лекувањето на родилката која остана во количка

Министерството соопшти дека завршените инспекции ќе ги следи стручна комисија со вклучен странски експерт по барање на министерот.

·Македонија
Клековски бара странски експерт во комисијата за стручeн надзор за лекувањето на родилката која остана во количка

Министерот за здравство побара вклучување на странски медицински експерт во Комисијата за стручeн надзор што ќе ја испита терапијата на 19-годишната Станка Михајлова од струмичко Баница, која по породувањето во Штип остана неподвижна и користи инвалидска количка.

Од Министерството за здравство велат дека вонредните инспекциски надзори во здравствените установи се завршени, но дека сериозноста на здравствените компликации налага детална стручна анализа на целиот тек на породувањето и понатамошното лекување за да се утврди дали дијагностичките и терапевтските постапки биле соодветни.

Комисија со неколку специјалности

„ Надзорите беа спроведени во Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија. Сепак, имајќи ги предвид сериозните здравствени компликации на пациентката, донесено е решение за спроведување стручен надзор над целокупниот тек на нејзиното породување и натамошно лекување. Комисијата за стручен надзор е составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезиологија, гинекологија, радиологија и неврохирургија“, велат од Министерство за здравство.

Министерот побарал во составот на комисијата да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава, за да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна проценка.

Станка Михајлова од Баничa (струмичко) се породила на 26 јуни во Клиничката болница Штип. Според семејството, таа немала проблеми со движењето пред породувањето, но веќе при отпуштањето тешко се движела — по отпуштањето од болницата свекорот ја однел дома на раце. Нејзината состојба се влошила, и на 4 јули била префрлена на Клиниката за неврологија во Скопје.

Во медицинскиот наод е наведено дека пациентката била применa по породување со спинална анестезија, со слабост на двете нозе и отежнато мокрење. По извршената магнетна резонанца биле утврдени промени од деветтиот до единаесеттиот пршлен. Комисијата треба да утврди дали постапките и третманот биле согласно стручните стандарди и каде системот можеби затаил.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи