Почетна
Македонија

Клековски и Ивкова потпишаа план за соработка во здравството за 2026–2028

Планот предвидува размена на експерти, заеднички проекти и обуки за унапредување на здравствените услуги.

·Македонија
Клековски и Ивкова потпишаа план за соработка во здравството за 2026–2028

Министерот за здравство Сашо Клековски и неговата бугарска колешка Катја Ивкова денеска во Софија потпишаа План за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година.

Според договорот, двете страни ги потврдија намерата за продлабочување на институционалната соработка преку конкретни активности и размена на знаења.

Практични мерки и области на соработка

Во Планот се предвидени размена на информации и искуства, размена на специјалисти за обуки и консултации, учество на научни и медицински настани, реализација на заеднички научни и практични проекти, како и соработка при организирање курсеви и семинари.

„Како приоритетни области на соработка се утврдени примарна и специјализирана медицинска заштита, болничка здравствена заштита, превенција и контрола на заразните и незаразните болести, како и епидемиолошки надзор, медицинска статистика, организација на здравствен одговор при вонредни состојби, електронско здравство, како и други области од заемен интерес“, соопштија од Министерството за здравство.

Од министерството наведуваат дека Планот е дополнителен чекор во зајакнувањето на добрососедските односи и институционалната соработка меѓу двете земји, со цел размена на знаења и добри практики и унапредување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги за граѓаните.

Следен чекор, како што беше најавено, е дефинирање на конкретни активности, рокови и механизми за реализација на проектите и размените предвидени во програмскиот период 2026–2028 година.

Фото: МЗ

Поврзани написи