Почетна
Македонија

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип се очекува од 16 до 25 октомври

Првите 30.000 дози се пристигнати, уште 26.000 се очекуваат до 15 ноември; приоритет ќе имаат ризичните групи.

·Македонија
Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип се очекува од 16 до 25 октомври

Министерот за здравство Сашо Клековски најави дека вакцинацијата против сезонски грип се очекува да започне во периодот од 16 до 25 октомври.

Првите 30 000 вакцини веќе пристигнале, додаде Клековски, а втората пратка со околу 26 000 дози се очекува да пристигне до 15 ноември. Тој рече дека се работи да се обезбедат вкупно до 80 000 дози, а во моментов имаат 56 000.

Организација и приоритети

Министерот појасни дека се уредува логистиката со Центрите за јавно здравје за да може вакцинацијата да започне навремено и додаде дека ќе биде првиот што ќе се вакцинира за да го поттикне пријавувањето.

Кога започне вакцинацијата со првите 30 000 вакцини, предност ќе им биде дадена на ризичните групи според дијагноза во центрите за јавно здравје, а пријавувањето ќе мора да се направи преку модулот „Мој термин“ за да има увид во севкупната состојба.

„Кај нас вакцинацијата ќе започне порано отколку кај некои од соседите кои се многу поразвиени, зборувам не за првите соседи, туку за некои од соседите кои ќе започнат со вакцинација во ноември. Мислам дека целата акција за вакцинација од сезонски грип ќе се одвива навремено и соодветно. ​Имаме 56 000 дози и работиме до 80 000 дози да постигнеме. Значи ни беше важно да стигнат 30 000 вакцини и да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15 ноември ќе ги имаме следните 26 000, а во меѓувреме ќе потрудиме да ги обезбедиме и остатокот до 80 000 вакцини“,

рече Клековски.

Фото: МИА

Поврзани написи