Клинтон во Холивуд, Флорида: Доста од политичари со пристап „ние против нив“
Поранешниот американски претседател во Холивуд, Флорида, критикуваше поделбена политика и ја поддржа кандидатурата на Џоли.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон одржа говор во Холивуд, Флорида, на својот прв јавен предизборен настан во рамките на кампањата.
Клинтон изрази поддршка за Дејвид Џоли, кандидатот за гувернер на Флорида, и нагласи дека тој се кандидиара од вистинските причини, повикувајќи ги гласачите да му дадат шанса.
Порака против политичката поделеност
Во својата порака, Клинтон упати критики кон, како што рече, „политика на поделби“ и порача дека многу политичари намерно ја градат кампањата околу создавање непријателски рецепти наместо да нудат конкретни решенија.
Тој посочи дека таквиот пристап ги оставува гласачите во потешка положба, особено додека се справуваат со високите трошоци за живот и секојдневните одлуки.
„Многу ми е мило што сум дел од движење во кое луѓето навистина се грижат, каде што ми поставуваат толку детални прашања и сакаат да знаат: „Ако те ангажираме за оваа работа, што точно ќе правиш?“ Уморен сум, бидејќи се откажавме од тој пристап. Уморен сум од постојаната поделба: „ние“ против „нив“. Некои политичари, без воопшто да трепнат, ми имаат кажано дека на самиот почеток мораш да дефинираш непријател и целата кампања да ја изградиш околу тоа, бидејќи стравот и гневот се помоќни од надежта и љубовта. Па, уморен сум од политичари кои предизвикуваат кавги, додека гласачите се обидуваат да одлучат кој производ ќе мораат да го вратат на полицата во продавницата. Уморен сум од тоа што кон нашите сојузници се однесуваме како да се ништо,“ порача поранешниот американски претседател Клинтон.
Фото: прес-материјал од настанот


