Почетна
Спорт

КМ Лирија во борба за бронзата на France Pro League 2026

Борачите обезбедија пласман по триумф над Bonneuil Lutte; мечот за бронза е закажан за 17 декември 2026 во Париз.

·Спорт
КМ Лирија во борба за бронзата на France Pro League 2026

КМ Лирија обезбеди пласман во натпреварот за бронзениот медал на France Pro League 2026 по убедлива победа над клубот Bonneuil Lutte од Париз. Клубот престојуваше 11 дена во Франција, натпреварувајќи се во неколку градови во рамките на оваа приватна борачка лига.

Во ова издание КМ Лирија ја претставуваа некои од најпознатите домашни борачи: Фати Вејсели и Реџеп Ајдари. Како засилување ѝ се приклучи шампионот од Штип, Дејан Митров. Особено впечатлив беше настапот на Мухамед Феруки, кој оствари неколку исклучително тешки победи.

Најмладиот во екипата, Суфијан Синани, го покажа својот талент и потенцијал, потврдувајќи дека е еден од надежите за иднината на борењето во нашата земја. Трим Исмаили и Мухамед Вејсели запишаа по една победа и придонесоа за вкупниот успех на тимот.

Патот до бронзата

Сега КМ Лирија го очекува последниот предизвик за бронзениот медал, кој е закажан за 17 декември 2026 година во Париз. Тоа ќе биде завршница на меѓународната кампања која им даде на борачите поголемо искуство и настапи на странски теписи.

Ова меѓународно учество и постигнатиот пласман дополнително ја потврдуваат способноста на боречката екипа на КМ Лирија да се натпреварува успешно надвор од земјата. Сега вниманието се насочува кон мечот во декември и можноста за место на пиедесталот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи