Коки Јанков се присети на Дуле и го најави јубилејниот концерт
Во емотивно интервју на Icon Show Коки ги откри последните средби со Дуле, спомена незгоди и објави концерт за 30‑годишнината од „Violina i gitara“.

По 13 години Коки Јанков за првпат гласно прозборе за смртта на својот пријател и музички партнер Дуле, во емотивно интервју во "Icon Show" кај Давид Давидовски. Со солзи во очите се присети на нивното пријателство, несогласувањата пред трагедијата и проблемите со алкохолот со кои се соочувал Дуле.
Коки откри дека последниот пат се виделе три месеци пред трагичниот настан. Тој раскажа дека кога тргнал кон болницата за да го посети Дуле, ја добил веста дека тој веќе починал.
Во разговорот Коки се осврна и на сообраќајната незгода која ја доживеале на пат кон настап, како и на сопствените семејни тешкотии – разводот, односот со ќерката и другите животни предизвици.
Најава за јубилеен концерт
Во рамки на интервјуто тој ја најави и големата јубилејна прослава по повод 30 години од настапот на песната „Violina i gitara“ на Макфест во 1996 година. Концертот ќе се одржи на 14 ноември, во 20 часот, во Македонската филхармонија.
Давид Давидовски во „Icon Show“ во овој настап понуди силна и емотивна приказна исполнета со искрени признанија, спомени и музика која оставила трага на македонската естрада.
Фото: прес-материјал од настанот


