Почетна
Спорт

Кожуф е сосема нов тим со Алтипармаковски

Кожуф ја финишираше есенската полуетапа со седум натпревари без пораз, благодарение на новиот тренер и поддршката од Гевгелија.

·Спорт
Кожуф е сосема нов тим со Алтипармаковски

Второлигашот Кожуф ја заврши есенската полуетапа со серија од седум натпревари без пораз во последните седум кола.

Тоа е особено впечатливо во Гевгелија со оглед на лошиот старт на сезоната, кога очекувањата беа пониски, но формата се подобри токму пред паузата.

Новиот тренер донесе друга динамика

Промената во играта се поклопи со доаѓањето на тренерот Вангел Алтипармаковски. Од клубот велат дека тој внесе свежина, повисоко ниво на професионализам и подобра игра на теренот, што брзо се рефлектираше на резултатите.

“Задоволен сум од она што го одработевме како колектив во изминатиот период откако пристигнав во Гевгелија. Тука пред се мислам на сите структури инволвирани. Од градската управа, односно градоначалникот на Гевгелија, чиј што спортски ентузијазам во голема мера е „виновен“ за опстојувањето на клубовите во овој град. Па преку управата на клубот, па се до стручниот штаб и играчите. Да не ги забиравме и навивачите кои што се неизоставен дел од Кожуф. Сето ова создаде една добра атмосфера за работа во Гевгелија, која што сигурен сум дека ќе продолжи и напролет. Со неколку засилувања, и добри подготовки зимава убеден сум во уште подобри резултати и напролет“ – вели тренерот на Кожуф, Вангел Алтипармаковски.

Клубот ја планира зимската пауза за трансферни засилувања и темелни подготовки, со надеж дека позитивниот моментум ќе се пренесе и во пролетниот дел од сезоната.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи