Почетна
Свет

Кремљ: Путин уште не одлучил дали ќе учествува на самитот на Г20 во Мајами

Дмитриј Песков соопшти дека одлуката за присуство на Путин на самитот на Г20 на 14 и 15 декември се уште не е донесена.

·Свет
Кремљ: Путин уште не одлучил дали ќе учествува на самитот на Г20 во Мајами

Кремљ соопшти дека претседателот Владимир Путин уште не решил дали ќе патува во САД за да учествува на самитот на лидерите на Г20 во Мајами.

„Не, одлуката сè уште не е донесена", изјави Дмитриј Песков за руските медиуми. Самитот на Г20 е закажан за 14 и 15 декември во Мајами, а САД испратија покана до рускиот претседател.

Одлуката ќе зависи од состојбите во Русија

Путин претходно кажа дека ќе одлучи за патувањето во зависност од ситуацијата во Русија. Од Кремљ велат дека, без оглед на неговото евентуално присуство, Москва ќе биде претставена на високо ниво.

Американскиот претседател Доналд Трамп исто така изјави дека не знае дали Путин ќе присуствува, но потврди дека можноста за негово доаѓање сè уште постои.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи