Почетна
Свет

Кристенсен: Русија започна саботажи на данските компании кои ја снабдуваат Украина со оружје

Кристенсен: Москва ја интензивира оперативната активност и регрутира посредници за напади врз производителите на оружје.

·Свет
Кристенсен: Русија започна саботажи на данските компании кои ја снабдуваат Украина со оружје

Русија започна операции на саботажа против данските компании кои ја снабдуваат Украина со оружје, изјави денеска Јосефине Кристенсен, главна аналитичарка на данската разузнавачка служба (ПЕТ), на конференција за домашна безбедност во Копенхаген.

„Во пролетта бевме сведоци на опсежно планирање акции, чиј спроведен број беше многу мал. А во почетокот на летото забележавме дека почнаа да спроведуваат значително повеќе од тоа“, рече Јозефине Кристенсен, посочувајќи на префрлување од подготовка кон поинтензивна реализација.

Ескалација на тактиките и циљевите

Кристенсен рече дека Москва заклучила дека претходните обиди не го одвратиле НАТО од давањето поддршка за Украина и дека политичката контрола над операциите останува во Москва, додека оперативната смелост расте. Таа предупреди дека нападите сега сè почесто се насочуваат кон цели со директно влијание на бојното поле — во прв ред кон производство и добавувачи на оружје.

Според неа, Русија сè почесто користи необучени посредници регрутирани преку Телеграм и други социјални мрежи — меѓу нив бездомници и лица со зависности. „Тоа може да биде секој кој бара брза заработка. Ако првата личност не успее, на таа задача ќе ја испратат втората, сè додека не успеат“, рече Кристенсен, додавајќи дека регрутацијата обично почнува со едноставни задачи како извидување или фотографирање, што подоцна ескалира во саботажни акции.

Руската амбасада во Копенхаген ги отфрли тврдењата и ги обвини данските власти за изнесување неосновани обвиненија против Русија. Кристенсен исто така спомена список што руското министерство за одбрана го објави во април, со наведени неколку европски производители на беспилотни летала и делови, кои Москва ги прикажа како потенцијални воени цели без да даде дополнителни детали.

Овие предупредувања следуваат по објавата на данската разузнавачка служба за одбрана дека Русија веројатно ќе ги засили хибридните напади врз Западот, по обвинувањето од Германија за обид за напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг во август. Во септември 2025 година, дронови го попречија воздушниот сообраќај на шест дански аеродроми, вклучително и оној во Копенхаген; премиерката Мете Фредериксен го нарече инцидентот хибриден напад врз нејзината земја.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи