Крит ставен во „Red Code“ поради невреме; поплави и урнат мост во Ретимно
Генералниот секретаријат за цивилна заштита прогласи мобилизација откако обилните врнежи предизвикаа поплави, оштетување на патишта и урнат мост кај Ретимно.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита го стави грчкиот остров Крит во состојба на мобилизација — «Red Code» — од синоќа до недела, поради најави за невреме и високата опасност од поплави.
Интензивна интервенција на терен во Ираклио и Ласити
Според информациите од противпожарната служба на Грција, силните врнежи погодиле ги регионалните единици Ираклио и Ласити. Голем број пожарникари се распоредени на терен, пред сè за да укажат помош, да испумпуваат вода, да отстрануваат паднати дрвја и да евакуираат лица на безбедни места.
На неколку локации нивото на водата е зголемено, а обилен дожд предизвика и проблеми на патната мрежа, со попречувања во сообраќајот и намален пристап до одредени заедници.
Рано утрово силните врнежи предизвикаа проблеми и во околината на градот Ретимно. Според локални медиуми, поради лизгање на земјиштето предизвикано од обилниот дожд, мал мост целосно попуштил во моментот кога минувал автомобил во кој имало две лица, повозрасна брачна двојка.
Возилото пропаднало во дупка и патниците биле спасени без посериозни повреди, но биле превентивно пренесени во болница за преглед.
Властите на Крит и службите за итни случаи и натаму ја следат прогнозата, ги одржуваат единиците во приправност и работат на враќање на нормалниот пристап и помош на погодените населби.
Фото: прес-материјал од настанот


