Почетна
Спорт

Крива Паланка ја почнува одбраната на титулата против Вардар во „Шпаркасе Лајф“ Прва лига

Натпреварот што ја отвора сезоната на 17 октомври 2026 почнува во 16:00 — Крива Паланка влегува како носител на трофејот по освојувањето на Супер-купот.

·Спорт
Крива Паланка ја почнува одбраната на титулата против Вардар во „Шпаркасе Лајф“ Прва лига

Денес, на 17.10.2026 година, официјално стартува женската „Шпаркасе Лајф“ Прва лига — сезоната ќе ја отвори дуелот меѓу бранителот на титулата Крива Паланка и Вардар, натпреварот е закажан да почне во 16:00 часот.

Крива Паланка ја почнува одбраната на домашниот шампионски пехар откако ја освои и Супер-купот, и ќе се обиде да го задржи ритамот од минатата успешна сезона.

Тренерските очекувања

Тренерот на Вардар, Александар Ашаданов, ја опиша целта за сезоната како изградба на стабилен и конкурентен тим.

„Од новата сезона очекувам пред сè квалитетна и конкурентна лига, со многу неизвесни натпревари. За нас најголемиот предизвик ќе биде да создадеме стабилност во играта и континуитет во текот на целата сезона. Имаме тим со потенцијал, но имаме и огромен простор за напредок. Нашата амбиција е да бидеме конкурентни на секој натпревар и да се бориме за највисоките позиции. Сакаме да изградиме тим кој ќе биде препознатлив по својот карактер и ќе напредува од натпревар во натпревар. Успех за нас би бил на крајот од сезоната да знаеме дека го достигнавме нашиот реален потенцијал и дека сме во позиција да се бориме за трофеи“. Задоволен сум од составот со кој располагаме. Имаме комбинација на поискусни и помлади кошаркарки, што ни дава добра основа за развој и конкурентност. Нашиот стил ќе го темелиме на агресивна одбрана, тимска игра, брза транзиција и дисциплинирана игра во нападот. Сакам да бидеме екипа која игра со енергија, карактер во секој натпревар“, изјави тренерот на Вардар, Александар Ашаданов.

Тренерот на Крива Паланка, Виктор Петровски, истакна дека приоритет ќе биде континуитетот и постепениот напредок низ сезоната.

„Очекувам сезона сo многу неизвесни натпревари. Секој тим ќе има свои амбиции, а за нас најголемиот предизвик ќе биде да ја задржиме стабилноста и нивото на игра низ целата сезона. Ќе одиме чекор по чекор, и ќе се фокусираме на секој следен натпревар. Да продолжиме да напреднуваме и од натпревар во натпревар да бидеме уште подобри. Нашите амбиции се повторно да бидеме меѓу екипите кои ќе се борат за највисоките позиции. По успешната мината сезона, сакаме да продолжиме во ист ритам. За мене успех би бил тимот да остане конкурентен до самиот крај. Да има карактер и континуитет и заедно да направиме уште еден чекор напред“. Задоволен сум од составот и карактерот на групата. Имам голема доверба во овие играчи и верувам дека можеме да играме агресивна, брза и тимска кошарка. Сакам да бидеме екипа која игра заедно, се бори за секоја топка и во секој натпревар го дава максимумот“, изјави Виктор Петровски, тренерот на Крива Паланка.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи