Почетна
Магазин

Куче усмрти двегодишно дете во Арканзас, уапсени три лица

Двегодишно девојче е изгризено и одведено во шума; по истрага се уапсени три лица кои се товарат за негрижа.

·Магазин
Куче усмрти двегодишно дете во Арканзас, уапсени три лица

Во Арканзас трагично загина двегодишната Селест Џексон откако беше нападната од куче, при што животот ѝ беше одземен по смртоносни повреди. Според извештаите, детето беше изгризено и одвлечено во блиската шума.

Канцеларијата на шерифот на округот Пуласки соопшти дека кучето, кое било чувано во соседството, нападнало и сурово го повредило малото девојче.

Три лица уапсени

По спроведената истрага, полицијата лишила од слобода три лица: Ернест Џексон (54), Кристина Харт (41) и Макајла Џексон (21). Сите тројца се обвинети за сериозно загрозување на благосостојбето и безбедноста на малолетното дете со смртен исход.

Кога полицијата и медицинските екипи успеале да го пронајдат детето, лекарите можеле само да констатираат смрт.

Семејството покрена кампања за помош преку GoFundMe и во емотивна порака се прости од девојчето: "Селест беше исклучително паметно девојче кое внесе толку многу радост во нашите животи. Обожаваше да гледа цртани филмови, а нејзиниот ведар дух го допре секој што ја познаваше". Во продолжение семејството напиша: "На нашето семејство му е исклучително тешко да ја прифати оваа болна загуба".

Фото: Принтскрин Gofundme

Поврзани написи