Почетна
Политика

Кузеска: Обвинителството молчи по пријавите на СДСМ за функционери

Портпаролката Богданка Кузеска побара одговори за случаите Гостивар, тендерите и договорите вредни милиони евра.

·Политика
Кузеска: Обвинителството молчи по пријавите на СДСМ за функционери

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска го критикуваше Обвинителството за тоа што, како што рече, молчи иако партијата пред неколку месеци доставила пријави, документи и докази за сериозни сомнежи за криминал, корупција, злоупотреби и загрозување на здравјето на граѓаните.

Кузеска побара одговори за Гостивар и за големите тендери

На прес‑конференција, таа направи споредба со брзата реакција на институциите кога лидерот на ВМРО‑ДПМНЕ, Hристijan Мицкоски, најавува кој ќе биде обвинет. "Кога Мицкоски ќе најави кој ќе биде обвинет, институциите веднаш се активираат. Но кога СДСМ доставува документи и пријави за функционери на власта – настанува тишина", истакна Кузеска и постави прашање до каде е кривичната пријава за труењето со вода во Гостивар?

Кузеска потсети дека "5.000 граѓани" таму завршија во болници, по што опозицијата поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашко Клековски и раководни лица во здравствените институции. "Биле ли повикани на распит? Кој ќе одговара? Зошто се молчи?" – праша таа.

Таа побара информации и за, како рече, криминалните тендери вредни над 100 милиони евра, кои Антикорупцискиот тим на СДСМ ги објавил и за кои поднел официјални пријави, документи и докази. "Поминаа девет месеци од првата пријава. Нема ништо. Не се знае дали некој е повикан, дали се проверени доказите, кој е одговорен", посочи Кузеска.

На крајот, таа се осврна и на „последниот скандал“ поврзан со новите договори од 1,5 милиони евра во Министерството за дигитална трансформација и на други обвинувања до адреса на власта. "Последниот скандал, со новите договори од 1,5 милиони евра во Министерството за дигитална трансформација. Колку милиони евра треба да бидат во прашање за институциите да се разбудат? Зошто никој не одговара за нападот врз младите во Ново Село? До каде е кривична пријава против полициски службеници и Манасиевски за доверливи службени документи кои завршија во партискиот штаб на ВМРО" – заклучи Кузеска.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи