Почетна
Спорт

Ламин Јамал: „Таа е мојата кралица и највредното што го имам во животот!“

Младиот ас на Барселона зборуваше за растењето во тешки услови и строгото мајчинско воспитување кое го задржа приземен.

·Спорт
Ламин Јамал: „Таа е мојата кралица и највредното што го имам во животот!“

На само деветнаесет години, ѕвездата на Барселона Ламин Јамал јавно ги опиша тешките години на растење и со емотивни зборови ја прослави улогата на неговата мајка, Шила Ебане.

Од еднособен стан до куќа за семејството

Во подкастот „Resonancia de Corazón“ Јамал се присети на животот во услови на сиромаштија и на жртвите што ги направила неговата мајка за да му овозможи да го оствари својот фудбалски потенцијал. „Живеев во стан каде што кујната и спалната соба беа на исто место. Немавме ништо. И затоа овој успех ми значи многу повеќе од само пари. Ѝ ја купив на мајка ми куќата што ја сакаше! Ја прашав во која населба би сакала да живее и само ѝ реков: каде што сакаш, таму ќе ја купиме. Денес, ја гледам мајка ми среќна и го гледам брат ми како ужива во детство какво што само можев да посакам – па, тоа е она што навистина ме прави среќен“ истакна Јамал!

Успехот на теренот му донесе милиони и светска слава, но тој нагласува дека парите имаат вистинска вредност само ако ги менуваат животите на најблиските. Тој додаде дека успеал да ги намали грижите и на својот татко и на својата баба, обезбедувајќи подобра иднина за целото семејство.

Посебно место во неговото раскажување зазема неговата мајка: „Мајка ми сега има сè што може да посака. Таа е мојата кралица, таа е најскапоценото нешто што го поседувам во животот. Таа е сè што едно дете може да посака од мајка“. Со овие зборови тој ја опиша како столбот што не го напушти во најтешките моменти.

Јамал го потенцира и строгото мајчинско воспитување кое не му дозволило фудбалот да го надомине образованието — мајка му инсистирала тој да ја заврши училишната обврска и го заканувала дека ќе му го забрани играњето додека не ја заврши домашната задача. Според него, токму тоа го направило скромен и приземен и покрај светската слава.

Денес, како еден од најперспективните млади фудбалери во светот и столб во својот клуб и репрезентација, Јамал вели дека најважниот успех е можноста да им ги донесе насмевките и сигурноста на своите најблиски.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи